Ватикан со документ за постоењето на Македонците во 17 век

Според документи што се чуваат во Архивот на Светата Столица, во Македонија никогаш не живееле Бугари или Срби туку Македонци. Во огромниот фонд на Ватикан има многу интересни и сензационални сведоштва за Македонија и за Македонците, кои покриваат период од 1622 до 1644 година.

Имено, Светата Столица во 1619 година доделувала стипендии на Македонци! Станува збор за Илирскиот колеџ, Словенски колеџ во Лорето, кој бил основан 1580 година. Во 1619 година, далматинските бискупи побарале папата Павле Петти да донесе одлука Колеџот да се врати во Лорето, а истовремено да се доделат места на питомци Срби, Бугари и Македонци, кои во иднина нема да имаат причина да се обраќаат до Светата.

Значи, уште во 1619 година во Ватикан добро знаеле дека Македонците не се ниту Бугари ниту Срби, па затоа за нив била одобрена посебна квота во Колеџот, посебна графа во документите за апликација како за одделен народ за кој треба да се одвојат одреден број места според националната припадност. Во Колеџот во Лорето во 1620 година студирале тројца Македонци стипендирани одВатикан.

Мошне интересен документ е и писмото испратено од Паштровиќи на 15 февруари 1642 година, во кое Франческо де Леонардис, специјален пратеник на папата, кој чекал да отпатува за Пеќ, каде што со српскиот патријарх требало да преговара за унија на Српската православна црква со Светата

Столица во Ватикан, известува за состојбите на теренот. Во своето доверливо писмо, Леонардис го известува папата дека е принуден да го одложи патувањето за Пеќ, затоа што бил известен дека српскиот патријарх отпатувал за Цариград каде што Охридскиот патријарх се обидува повторно да ги потчини сите поранешни територии под своја јуриздикција, односно “да се прогласи за глава на Бугарија, Србија, Македонија и Босна”.

Освен овој, во Архивот на Конгрегацијата, односно во Ватикан, има и други документи значајни за Македонците, од кои може да се издвои и писмото од февруари 1625 година, испратено од Мантова од Охридскиот патријарх Порфириј Палеологво кое го известува папата дека поради болест се задржал во Мантова и дека тука ја добил веста да не се враќа во својата резиденција во Охрид, затоа што му се заканува голема опасност од Турците поради големиот долг на неговите претходници кон Портата…

 

 

 

20.04.2017 - 13:16

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега