Наумов: Граѓаните што излегуваат во одбрана на Македонија ќе ја постигнат целта

Сигурен сум дека граѓаните кои излегуваат во одбрана на Македонија, македонското знаме и име ќе ја постигнат својата цел, вели Васил Наумов, директор на Агенцијата за иселеништво.

Во анализа за политичките состојби на ТВ НОВА тој истакна дека Македонија е доведена до работ и нема враќање назад.

-Враќање назад нема. Или ќе успееме, или ќе не снема како народ. Успеавме да направиме самостојна држава и не смееме да допуштиме македонската држава да исчезне. Тоа го покажуваат граѓаните кои масовно се собираат и ништо не може да ги спречи – ниту дождот, ниту студеното време. Многу народи се поголеми и посилни од нас, но не успеале да направат или повратат држава, како што се Каталонците на пример, тука се Шкотите, Велшаните, Курдскиот народ… Успеавме да направиме држава и нема да дозволиме да ја изгубиме. Доколку се спроведе она што се бара со таа декларација или платформа, тоа е најбрзиот рецепт за брзо исчезнување на македонската држава, смета Наумов.

 

 

 

 

20.04.2017 - 11:58

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа