Кратко враќање на пролетта па повторно дожд - какво време не чека до крајот на месецот

Средината на идната недела треба да донесе разведрување и покачување на дневните температури. Но и тоа нема да трае долго. Според долгорочните прогнози, до крајот на април, нема да видиме некој стабилизација на времето.
Најстудениот ден ќе биде утрешниот кога температурите нема да надминат 10 степени, а утринските ќе бидат во негатива.
Во некои градови, особено на североистокот од Македонија ќе се создадат услови за провејување на снег.
Дожделиво и релативно свежо ќе биде и за викендот кога температурите ќе се движат околу 0 наутро и околу 15 степени во текот на денот. Мало разведрување, кое се очекува да се задржи до крајот на идната работна недела се очекува од вторник. Ќе пораснат и температурите. Во среда и четврток ќе имаме максимални 26 степени, за да во последниот викенд месецов повторно се врати дождот, онака како што доликува за првомајските празници.
И за 1 и за 2 Мај метеоролозите најавуваат врнежи и температури околу 20 степени.

 

 

 

20.04.2017 - 11:52

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега