Лошото време направи штети во Македонија

Посебно е критична сабота, кога се очекува да дојде до разведрување на територија на цела Македонија што, според нив, ќе значи и постудено време. Затоа препорачуваат преземање соодветни и навремени мерки за заштита.

 

– Промената на времето и студениот воздушен бран кој се очекува да ја зафати нашата територија од северо-исток во текот на утрешниот ден ќе придонесе за драстичен пад на температурите на воздухот, особено на утринските од петок до понеделник, кога на одделни места се очекуваат да бидат и негативни, особено во северо-источните, источните и северо-западните делови. Вакви температури, до минус четири степени, во овој период од развојот на земјоделските култури можат да имаат катастрофални последици врз културите и врз приносите, вели Ангелко Ангелески од УХМР.

 

И -0,5 степени може да предизвикаат штети кај овошките кои веќе имаат  формирано плод или кај овошките и виновата лоза кои во овој момент се во ниски фази на развој, почеток на вегетација и појава на првите листови и цветови.

 

– Мерките за заштита се веќе познати: третирање со препарати против мрзнење кои може да се користат и во денови кога има само неколку часа сончеви периоди, а се со продолжено дејство, класични методи на зачадување со палење растителни одпадоци или оросување со вештачки дожд доколку има инсталиран систем за наводнување додека температурите се негативни, околу два часа пред изгревање на сонцето и два часа потоа, додека не се постигнат позитивни температури, истакнува Ангелески.

 

За есенските посеви промената на времето не е критична, проблем може да има уште во градинарството, на отворено, или ако просторот не е добро заштитен кај покриените култури.

 

 

 

 

20.04.2017 - 09:46

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега