Облаци и дожд во Македонија

 

Времето во Македонија ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со локални слаби врнежи од дожд, а на планините ќе провејува снег. Ќе дува засилен ветер од западен и северозападен правец, а најсилен се очекува да биде во југозападните и јужните делови од земјава, на моменти со брзина и над 90 км/час.

Утринската температура ќе се движи од еден до шест, а дневната од осум до 17 степени.

Во Скопје ќе биде променливо облачно со услови за повремен слаб дожд. Ќе дува умерен до засилен ветер од северозападен правец. Утринската температура ќе се спушти до четири, а дневната ќе достигне до 12 степени.

За време на викендот се очекува разведрување со што утринската температура на повеќе места ќе биде околу или под нулата. 

 

 

 

20.04.2017 - 09:04

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа