Охриѓани на нозе: Борбата ќе трае се додека не ги оствариме целите

Приврзаници на Граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“ и вечерва протестираа во Охрид.

– Во последно време се почесто ни доаѓаат разноразни емирисари од Европа, конкретно од Брисел. Ни пропагираат демократија, а не сакаат ниту името да ни го спомнат. За жал, во таа ЕУ се повеќе се кршат одредени принципи, односно не важат подеднакво за сите, а ние Македонците тоа најдобро го чувствуваме. И ние како и сиот нормален свет сме за Европа без граници, но не за ваква Европа која сака да не прекрсти, изјави на протестот Ванчо Стојаноски активист во НВО секторот.

Павле Момировски рече дека во македонското Собрание постизборно е формирана непринципиелна коалиција и додаде оти ќе протестираат се додека не биде отфрлена тиранската платформа создадена во друга држава, која вели, ако се спроведе ќе има далекусежни последици по функционирањето на нашата држава.

–  Претседателот на Републиката и ние граѓаните ќе одлучиме. Борбата ќе трае се додека не ги оствариме целите, посочи Момировски.

Протестот како и досега започна од плоштадот спроти Охридската гимназија, по што учесниците продефилираа по улицата „Димитар Влахов“ и булеварот „Македонски Просветители“, од каде низ чаршијата се упатија на градскиот плоштад. 

 

 

 

19.04.2017 - 21:14

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега