Кочани порачува: Тиранската платформа грубо го нарушува интегритетот на земјата

На мирниот протест што се одржа вечерва низ улиците на Кочани за поддршка на иницијативата „За заедничка македонија“, беа повторени барањата за унитарност на државата и нејзина неделивост.

Протестниот собир започна од паркот на револуцијата, се движеше низ улиците долж Кочанската река и заврши на местото од каде што и почна. Собирот заврши со интонирањето на македонската химна.

Учесниците на протестот со пароли и извици ја манифестираа својата подготвеност за одбрана на државата од тиранската платформа, која, според нив, грубо го нарушува интегритетот на земјата и животот во неа.

И за утре е најавен протестен марш на жителите на Кочани.

 

 

 

19.04.2017 - 20:29

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа