Кавадарци со порака: Нема да дозволиме да се продаваат вредностите на државата за кои многумина наши предци го дале својот живот

Протестен марш и вечерва се реализираше во Кавадарци. Пред присутните се обрати пензионерот Алимпие Лазороски, кој ги повтори барањата на сите оние кои се приврзаници на Граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“. “Не” за тиранската платформа и за зачувување на унитарноста на Република Македонија.

– Сите ние во срцата ја носиме Македонија. Нема да дозволиме да се продаваат вредностите на државата за кои многумина наши предци го дале својот живот во изминатите години, нагласи тој меѓу другото.

Мирниот протестен марш започна од пред новоизградената црква „Света Петка”, во новиот центар на Кавдарци.

Со државни знамиња и револуционерни патриотски песни, се маршираше низ централното градско подрачје. Приврзаниците на Граѓанската иницијатива за заедничка Македонија се движеа по главната улица „Илинденска”, а крајна дестинација беше градскиот плоштад. Пред општинската зграда беше интонирана државната химна и беа испратени пораките за продолжување со протестите, се до исполнување на барањата.

 

 

 

19.04.2017 - 20:25

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега