ФОТО: Груевски оствари средба со Младен Иваниќ

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски денес  заедно со Владимир Ѓорчев и Александар Николоски оствари средба со претседавачот со Претседателството на Босна и Херцеговина, Младен Иваниќ.

Двајцата соговорници позитивно ги оценија односите меѓу двете земји кои се карактеризираат со взаемно пријатество и разбирање.

Груевски го запозна својот соговрник со аспектите на политичката криза наметната од опозицијата, и позициите и ставовите на ВМРО-ДПМНЕ во однос на клучните прашања и начините за надминување на предизвиците.

gruevski-ivanik1

Од страна на ВМРО-ДПМНЕ беше изразено незадоволство од платформата договорена во соседна држава од премиерот на Албанија Рама од Тирана, и негативните последици што се предизвикуваат од таквото мешање во внатрешните работи на соседна држава, спротивно на принципите за добрососедство. Беше посочено дека за ВМРО-ДПМНЕ е неприфатливо што Тиранската Платформа стана основа за договор и функционирање на владата договорена од СДС, платформа која не беше понудена на избори со што практично се прави изборна измама на граѓаните.

Беше истакното дека ВМРО-ДПМНЕ е за зачувување на унитарноста, граѓанскиот карактер и почитување на правата и принципиелна поддршка на сите заедници во државата, и соживот меѓу Македонците, Албанците, Турците, Ромите, Србите Власите, Бошњаците и останатите.

 

 

Разговарајќи околу можните решенија ВМРО-ДПМНЕ ја повтори оценката дека единствениот начин за излез од политичката криза, и постигнување на стабилност е спроведување на брзи парламентарни избори, заедно со редовните локални избори каде граѓаните ќе имаат можност да се изјаснат за Тиранската Платформа која ја прифати СДС.

 

 

 

19.04.2017 - 20:16

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега