Голем влажен бран: Температурен шок во Македонија среде април

Променливо денеска е  облачно со повремени врнежи од дожд. Вечерва повеќе врнежи се очекуваат во источните делови од земјава, повремено поројни. Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен и југозападен правец, кој до крајот на денот насекаде ќе се смени во западен и северозападен. Во ноќните часови поради спуштање на студен воздух од север на планините врнежите ќе бидат од снег, но ќе слабеат и престануваат.

 

И утре не очекува променливо облачно и постудено со сончеви периоди и со локални слаби врнежи од дожд, а на планините ќе провејува снег. Ќе дува засилен ветер од западен и северозападен правец, а најсилен се очекува да биде во југозападните и јужните делови од земјава (на моменти со брзина и над 90 км/час). Минималната температура ќе биде во интервал од 1 до 6, а дневната од 8 до 16 степени.

Во Скопје утре променливо облачно со услови за повремен слаб дожд. Ќе дува засилен северозападен ветер. Температури од 3 до 12 степени.

 Во петок ќе биде суво, студено и ветровито, а ветерот ќе биде северозападен и особено изразен вдолж Повардарието. Дневната температура дополнително ќе се намали. Значително ќе опадне и утринската температура, особено за време на викендот кога ќе дојде до разведрување и намалување на брзината на ветерот, па минималната температура на повеќе места ќе биде околу или под нулата. Дневната температура од сабота ќе биде во пораст.

 

 

 

19.04.2017 - 18:07

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега