Среќен роденден Слаткаристика
Денес, нашиот највлијателен рап артист полни 27 години. Денот ќе го прослави со најблиските, во мирна и опуштена атмосфера затоа што утре го очекува најавениот концерт во Струга, на летната сцена Сиеста.
Слаткаристика најави дека утре ќе го прослави неговиот роденден како што треба, со журка и баш поради тоа вечерта за време концертот сите пијалаци ќе чинат само 50 денари.
А денес неговиот Фб профил и лајк страна се преплавени со честитки од оние кои ја пратат неговата музика.
Погледнете дел од честитките...