ФОТО: Погледнете како изгледа реновираната градинка „Гоце Делчев“ во Виница
Замена на електричната инсталација, на ѕидните плочки, подот, нов аспиратор и колектор за топла вода во кујната, е најновата инвестиција во детската градинка “Гоце Делчев“ во Виница . Во насока на обезбедување на услови за високо квалитетна подготовка на храната за најмалите , деновиве во тек е реконструкцијата на кујната и магацинот во оваа установа во која од септември се очекува да бидат згрижени преку 250 дечиња.
Средствата во висина од 1,5 милион денари се сопствена инвестиција на градинката, а како изведувач на работите е ЈКП “Солидарност“ .
Летово во холот на новата градинка беше монтиран и нов клима уред за ладење на просториите во кои престојуваат децата, а од септември ќе се отвори нова група (јасли) во старата градинка во која ќе бидат згрижени 10-12 деца на возраст до две години.
Инвестициите во градинката се во насока на поквалитетни услови и поголеми заштеди на струја и вода. Така со ланската инвестиција за комплетна замена на прозорците и вратите, според директорот Јованов, зимата успеале да заштедат 10 тони нафта или 10 000 евра.