ФОТО: Заобиколувал трактор и се забил во автобус - еве што остана од „Вектрата“ која вчера се скрши пред Струмица
Едно лице загина, а три се повредени, откако вчера директно се судриле автобус и автомобил „Опел Вектра“. Несреќата се случила вчера наутро, околу 4:45 часот на магистралниот пат Струмица - Ново Село, на излезот од село Босилово.
До несреќата дошло кога 62- годишниот Митко Папулев од струмичко Ново Село, кој управувал со „Опелот“ се обидел да го заобиколи тракторот кој се движел пред него и директно удрил во автобусот кој возел на спротивната страна од коловозот.
Папулев починал на лице место, а неговите сопатници - 18 годишната С.И. заработила тешки телесни повреди, додека Г.М. (22) се здобила со полесни повреди. Повредените биле пренесени во струмичкиот Медицински центар.
Возачот на автобусот исто така се здобил со повреди.
ФОТО: Сител