Знаете ли кој е најдобриот бармен во Македонија?

Зоран Ристов од Гевгелија е прогласен за најдобар бармен на финалето на Петтиот Вигор Бармен Куп 2013 што се одржа во рамките на Струмица Опен Фест. Toj го освои првото место во конкуренција на 18 бармени од цела Македонија.

Неговиот летен коктел „Vigor Summer Refres“ беше оценет за најдобар од повеќето стручно жири од Хрватска во кое членуваше и Ведран Петровиќ, победник на Републичкиот натпревар на бармени во Хрватска.

Второто место го освои Борис Петровски со коктелот „Green Fisalis“, а Ванчо Стојанов е трет со коктелот „Vigor: The Rinse of Badel“.

Освен во дегустација на коктели на најдобрите бармени во Македонија избрани се и најдобрите во однос на акробациите со коктелскиот прибор.

Во категоријата „флер“ во која бармените се оценуваат според нивните егзибиции кои ги прават за време на создавањето на коктелот победник е Бобан Васиќ. По него следат Александар Бошев како втор и Дарко Лазовски кој го освои третото место.

На овој натпрвар за бармени беше доделена и награда за најатрактивен коктел која ја понесе Методи Перунковски со коктелот „7 from 5“. За најдобра стручна работа награден е Стево Тренов  со коктелот „Vanilla Sky“.

Вигор Бармен Купот со своите пет изданија прерасна во своевидна традиција чија основна замисла е коктел културата да се издигне на повисоко ниво во Македонија.

ФОТО: МИА

најчитано сега