Почина еден од заложниците во Луизиана

Почина еден од двајцата заложници, кои беа повредени во банка во градот Сент Џозеф, Лујзијана од вооружен напаѓач.

Киднаперот, 20-годишниот Фуаед Абдо Ахмед упадна вчера во банката „Тенсас“ и за заложници зема две жени и еден маж, а подоцна ослободи една жена. Тој во текот на преговорите со полицијата се закани дека ќе ги убие двајцата заложници, по што полицијата влезе во банката. Полицијата за среќа успеа да го совлада.

Мотивот за нападот уште не е познат.

Полицијата не го објави сеуште идентитетот на жртвата на заложничката драма.

12:37

најчитано сега