Русија: За време на операција хирург украл хероин од желудник на пациент

Руски хирург во Краснојарскиот крај направил нешто што не сме го виделе до сега. Според Руска реч, тој додека оперирал пациент, му украл хероин од желудникот.

„Хирург од градската болница правел операција на маж кој превезувал во својот желудник хероин. После операцијата хероинот бил земен од полицијата, која забележала дека дел од истиот недостасувал“, се вели во соопштението од руската полиција.

Хирургот кога бил донесен на разговор во полициската станица, веќе бил под дејство на дрога, а за делото кое го направил му се заканува казна и до 15 години затвор.

ФОТО: Идивиди

10:16