Земјотрес од 6 степени ја стресе Колумбија

Земјотрес со интензитет од 6,7 степени според Рихтеровата скала е регистриран вчера во Тихиот Океан крај бреговите на Колумбија. Силниот потрес се случил во 15.43 часот по Гринич на длабочина од десет километри под океанското дно, со епицентар на околу 95 километри во насока запад-југозапад од градот Мутис. 

Засега нема информации за настрадани и причинети материјални штети.

ФОТО: Нетпрес

 

09:10