ФОТО: Во СФРЈ била направена аутопсија на вонземјани?
Според информациите кои ги објавува српскиот Курир, во СФРЈ се правела аутопсија на вонземјани. Во 1966 година во Оточек се урнал неидентификувал летечки објект, а на граѓаните им било речлено дека станува збор за воена вежба.
Непознато суштество било извлечено од леталото, пренесува српски „Курир“.
Иван Крамер, кој пишувал за ова случување уште пред осум години, тврди дека „официјалната верзија“ е многу поразлична од она што навистина се случило таа ноќ: - За телото беше речено дека припаѓало на пилотот на воздухопловството. Рекоа дека е деформирано од пламенот и жештината. Темната ноќ помогнала оваа верзија на војската да биде поуверлива.
Најважните научници во тогашна Југославија за само неколку часа се собрале за да извршат испитување на телото на вонземјанинот.
ФОТО: Курир