Тачи го предаде во косовското Собрание нацрт Законот за формирање на косовска војска

Косовскиот претседател Хашим Тачи денеска на претседателот на косовскиот Парламент, Кадри Весели, му го предаде нацрт Законот за трансформација на безбедносните сили на Косово во Војска на Косово.

Овој Нацрт закон не имплицира уставни измени, пренесува порталот Коха.нет, туку со него се менуваат ингеренциите на Косовските безбедносни сили.

Тачи изјави дека иницијативата за трансформација на БСК е од суштинска важност, пренесува телевијата РТК2.

-Сакам да Ве информирам дека врз основа на моите уставни овластувања како врховен командант на КБС на претседателот на Собранието му го дадов предлог законот за транформација на КБС. Оваа иницијатива е неопходна и има за цел зачувување на територијалниот суверенитет и има за цел зачувување на мирот на Косови и во регионот, рече Тачи.

-Не успеавме да ја формираме Војската на Косово бидејќи српските пратеници јасно ни ставија до знаење дека никогаш нема да гласаат за промена на уставните амандмани. Косово не може својата судбина да ја остави на милост и немилост на кого било. За мене суштината е поважна од симболиката со името“, додаде Тачи.

Тачи, исто така, рече дека оваа трансформација нема да влијае врз овластувањата или мисијата на КФОР.

Претседателот на Собранието изјави дека утре ќе го свика претседателството на Собранието за шефовите на пратеничките групи да распаваат за овој закон. Весели рече дека оваа трансформација ќе придонесе за мирот во регионот.

-Ова е добар ден за граѓаните на Косово. Претседателот настапи во согласност со своите уставни овластувања. Јас утре ќе го свикам претседателството за да ги испочитуваме сите процедури. Низ оваа трансформација Косово ќе даде придонес кон мирот во регионот, рече Весели на прес конференција во Приштина. 

 

 

 

07.03.2017 - 16:27

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега