ФОТО: Министерот Талат Џафери се поклони пред споменикот на ОНА во Слупчане
Делегација на ДУИ која ја предводеше вицепремиерот Муса Џафери, се поклони пред споменикот на паднатите борци на ОНА во Слупчане. Покрај него, пред споменикот се поклонија и министерот за правда Блерми Беџети, заменик министерот за внатрешни работи Џелал Бајрами и министерот за одбрана Талат Џафери. За разлика од минатата година кога присуството на тогашниот министер Фатмир Бесими заедно со униформирани припадници на АРМ направи вистинска бура од реакции во јавноста, годинава поклонувањето на делегацијата на ДУИ помина како приватна посета.
Фото: Порталб