Македонија во жолта фаза: Доаѓа дожд и силен ветер

Променливо облачно со повремен локален дожд, на повисоките планини од снег. Особено повеќе врнежи се очекуваат во крајните западни и источни делови на земјава. Ќе дува умерен, повремено засилен југозападен ветер, повеќе ќе биде застапен во западните делови на земјава, каде наместа се очекува да надминува над 60 км/час.

Највисоката температура денеска во земјава се очекува да достигне од 9 до 16 степени.

Скопје, Променливо облачно со повремен слаб до умерен дожд. Ќедува умерен повремено засилен ветер од јужен правец.  Највисоката температура ќе достигне до 14 степени.
Издаден е и метеоаларм од жолта фаза за половина Македонија, поради опасност од ветер.

До четврток нашево подрачје ќе биде под влијание на серија од влажни воздушни бранови и ќе преовладува променливо облачно време со повремени врнежи од дожд со променлив интензитет. Наместа ќе има услови за на нестабилна облачност проследена со појава на  грмежи и засилен ветер, особено во југоисточните делови. На планините особено во западните делови врнежите ќе бидат од снег и ќе се формира нова снежна покривка.

Пообилни  врнежи се очекуваат в среда во западните и јужните делови каде вкупната количина на наврнат воден талог ќе надминува над 50 л/м2.

Од среда ќе дува умерен, наместа повремено засилен северен ветер и ќе предизвика опаѓање на дневната температура.

В четврток сеуште се можни слаби врнежи од дожд, но се очекува постепено стабилизирање и повторно затоплување на времето.

 

 

 

 

 

06.03.2017 - 11:14

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега