ЗА ЗАЕДНИЧКА МАКЕДОНИЈА: Граѓаните кои си ја сакаат државата да излезат на протест денеска

Граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“  и денеска продолжува со протестите. Тие ги повикуваат сите граѓани кои си ја сакаат државата денеска во 17 часот да излезат пред Влада на Р.Македонија за да го искажат својот револт против албанската платформа, воведување на двојазичност, промена на химната, знамето и грбот на Република Македонија.

-Верувавме во македонскиот народ, веруваме дека кога се работи за основните човекови права и интереси ќе се приклучат во огромен број. Верувам дека во понеделник, утре во 17 часот продолжуваме во уште поголем број и тоа ќе го правиме се додека нашите барања не бидат исполнети, истакна вчера Игор Дурловски еден од организаторите на иницијативата.

Богдан Илиевски ги повика граѓаните на масовна поддршка и истакна дека верува дека од ден на ден се повеќе ќе растат, бидејќи се приклучуваат се повеќе и повеќе луѓе на оваа иницијатива.

 

 

 

06.03.2017 - 09:31

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа