Жбогар и Јазбец денеска во Тетово

 

Шефот на Делегацијата на ЕУ во Македонија, Самуел Жбогар и словенечкиот амбасадор Милан Јазбец денеска ќе го посетат Тетово како дел од кампањата „ЕУ за вас“.

Амбасадорите ќе посетат неколку проекти финансирани од ЕУ и ќе се сретнат со претставници на граѓанското општество кои се занимаваат со прашања на заштитата на животната средина.

Кампањата „ЕУ за вас" почна на 27 јануари годинава во Кичево, со цел да се подигне свеста и да се информира јавноста за помошта на ЕУ во земјата.

Фокусот е  животната средина, а се патува во места низ целата земја, каде што ЕУ дава поддршка во борбата против загадувањето и обезбедувањето чиста животна средина.

Целокупната помош на Европската Унија во областа на животната средина е повеќе од 80 милиони евра во рамки на ИПА I (2007-2013), додека натамошна поддршка од 100 милиони евра се планираат во рамки на ИПА II програмата.

 

 

 

06.03.2017 - 08:22

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега