Тодоров: Граѓаните кои на следните избори би ги поддржале СДСМ, ја поддржуваат и платформата

Својот став го образложи велејќи дека резултатот на следните избори ќе биде појасен, со оглед на тоа што граѓаните повеќе нема да одлучуваат со половични информации.

-На овој начин ќе се добие резултат што ќе ја искристализира состојбата. Зошто? Затоа што и ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ да победи, граѓаните ќе одлучат знаејќи ги сите информации. Граѓаните одлучуваа со половични информации. Ниту еден кој гласал за СДСМ не знаел дека СДСМ ќе прифатат платформа направена во друга држава и во себе содржи елементи за редефинирање на Македонија. Ако го знаеле тоа можеби ќе одлучеле поинаку, можеби и не. Ако не одлучат поинаку тогаш ќе имаме чиста ситуација, бидејќи граѓаните кои ги поддржале СДСМ ја поддржале и платформата. Во секој случај, каков и да биде исходот, политичката криза ќе се разреши, смета Тодоров.

 

 

 

02.03.2017 - 21:01

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа