Протест во Струмица: Македонија самостојно ќе ги решава своите проблеми, без надворешни фактори

Во Струмица попладнево се одржа протестен марш на граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“.

Од плоштадот „Гоце Делчев“, граѓаните упатија пораки за зачувување на унитарноста на Македонија и против двојазичност. Маршираа низ централното градско подрајче со транспарент „За заедничка Македонија“ и пееја патриотски песни.

Според нив, пораката е Македонија самостојно да ги решава своите проблеми, без вмешување на надворешни фактори.

Протестот помина мирно, без инциденти. 

 

 

 

02.03.2017 - 20:07

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега