„За заедничка Македонија” во Кичево: Повикуваме на разум, не на поделби

На платото пред Домот на културата во Кичево вечерва се одржа третиот протест на граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија”.

- Сакаме да повикуваме на разум, не на поделби, на развој, а не на стагнација, на отворање, а не на затворање. Бараме да запрат сите партиски превирања и несогласувања, да ја оствариме целта за која сите се залагаме - Македонија да остане унитарна, самостојна, суверена и независна, бидејќи цениме дека само на таков начин ќе имаме подобар и попросперитетен живот, беше речено на протестот

Како што истакна Даме Симјаноски од „За заедничка Македонија”, антимакедонската стратегија е стратегија против сите што живеат тука.

- Се срамиме од сите сценарија што ги слушнавме изминатиов период и затоа сакаме да им застанеме на пат.  Ова е замја на сите и ќе биде замја на сите и каква што ни ја оставиле нашите предци, така треба да им ја оставиме и ние на нашите деца, нагласи Симјаноски.

Иницијативата ги повика граѓаните мирно и достоинствено да маршират низ улиците на градот. 

 

 

 

02.03.2017 - 19:54

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа