Илиевски до Могерини: Македонија има право да биде дел од обединета Европа

Доста ни е од Европското „Имате перспектива“ во идно несвршено време. Бараме од Могерини да објави дека Македонија веднаш ги почнува преговорите за членство во Европската Унија, бидејќи нашите граѓани се европјани, порача на денешниот протест еден од основачите на граѓанската иницијатива ЗА ЗАЕДНИЧКА МАКЕДОНИЈА, Богдан Илиевски.

Тој во говорот посочи дека Македонија има право да биде рамноправен дел од Обединета Европа, бидејќи како што вели, Македонија е европска цивилизација, лулка на писменоста и бидејќи македонската младина сака и пее Европска музика.

Илиевски ги поздрави барањата на ЕУ и НАТО и целата меѓународна заедница за владеење на правото во Република Македонија и побара владеење на правото од сите и кон сите.

 

 

 

02.03.2017 - 19:19

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега