Мијалковски: „НЕ“ на оние кои не и мислат добро на нашата татковина

Не дојдов тука да зборувам против Албанците, ниту пак сум дел од некоја политичка партија, тука сум бидејќи молчењето повеќе не е опција, порача на денешниот протест на граѓанската иницијатива ЗА ЗАЕДНИЧКА МАКЕДОНИЈА, водителот Дарко Мијалковски.

Тука сум за јасно и гласно да им кажам „НЕ“ на оние кои не и мислат добро на нашата татковина, посочи Мијалковски.

Потенцира дека сме уценети со пост-изборна платформа, скроена по изборите со посредство на Премиер од друга држава, со единствена цел, растурање и разнебидување на Република Македонија.

-Прифаќањето на барањата сите нас не води во една самоуништувачка мисија после која очигледно нема да не биде, ниту како народ, а ниту како држава. Замислете човекот кој јас никогаш го немам слушнато да изговори ниту еден единствен збор на македонски јазик се обидува да не натера нас и нашите деца да зборуваме на албански јазик. Освен со двојазичноста, ги уценува македонските партии со промена на името, знамето, грбот, химната, посочи Мијалковски.

Вели дека преку ноќ се воведоа некои нови правила и се заборави сето она за што граѓаните гласаа на изборите.

 

 

 

02.03.2017 - 19:10

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега