Во Пелагонија и скопско ветер од 70 километри на час

Во текот на ноќта во Пелагонија и скопската котлина дуваше северен ветер кој достигна брзина од 60 до 70 километри на час. Времето беше умерено, до значително облачно со локален дожд со слаб интензитет, а на планините снег.  Во втората половина од ноќта врнежите насекаде престанаа, а облачноста се намалуваше.

Нова снежна покривка од 1 сантиметар има на Маврово, а врнежи се регистрирани 1 литар на метар квадратен во Тополчани, Демир Капија и Скопје, 2 во Пожаране, Претор и Битола, 3 во Крушево, Струмица, Ѓуриште и Куманово, 4 во Штип, Гевгелија, Крива Паланка и Виница, 5 Охрид, 6 Дојран и Берово, 9 во Маврово и 10 во Дебар.

Најниска температура утрово е измерена во Лазарополе -4 степени. Под нулата било и во Маврово и Крушево -2, во Крива Паланка -1, а во другите места утринската се движела над 0.

Утринава насекаде во земјава преовладува сончево време. На повеќе места дува умерен северен ветер. И во текот на денот ќе биде претежно сончево со слаб до умерен, долж Повардарието повремено засилен северозападен ветер. Највисоката дневна температура на воздухот ќе се движи во интервалот од 10 до 16 степени.

Во Скопје времето ќе биде сончево со умерен северозападен ветер. Највисоката температура ќе достигне до 14 степени.

Утре и за време на викендот ќе преовладува сончево време, утринската температура ќе биде во опаѓање, а дневната во пораст. Ќе дува и умерен ветер од југоисточен правец. Од понеделник ќе преовладува променливо облачно време со повремен локален дожд.

 

 

 

02.03.2017 - 11:18

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега