Американскиот амбасадор Бејли изрази загриженост за политичката состојба во Македонија

 

Американскиот амбасадор во Македонија Џес Бејли на твитер изрази загриженост за политичката состојба во земјата.

"Се согласувам со комесарот Хан. Загрижен сум дека Македонија се оддалечува од принципите на демократијата и владеењето на правото, кои се суштински вредности на НАТО", напиша Бејли на твитер. Амбасадорот ова го напиша како одговор на вчерашниот коментар на евро-комесарот Јоханес Хан, кој ја критикуваше одлуката на претседателот Ѓорге Иванов да не му го додели мандатот на Зоран Заев.

 

 

 

 

02.03.2017 - 10:23

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега