Калифорнија усвои закон со кој децата сами можат да си го одберат полот

Калифорнија стана првата американска држава која усвои закон за правата на транссексуалните деца од градинките до 12-то одделение така што  државните училишта отсега ќе мора да им дозволат на овие ученици да го користат кој било тоалет или соблекувална, а учениците ќе можат и да избираат дали сакаат да тренираат „машки“ или „женски“ спортови. 

Приврзаниците на законот велат дека тоа ќе придонесе за намалување на малтретирањето и дискриминацијата на транссексуалните ученици.

Законот во сила стапува од 1 јануари.

11:06