Времето носи нови изненадувања - подгответе се!

Денеска времето во Македонија ќе биде претежно сончево и посвежо со умерен ветер од северен правец кој повеќе ќе биде изразен вдолж Повардарието и во источните делови и повремено ќе се засилува особено во јужниот дел на Повардарието.

Дневната температура ќе се движи од 10 до 16 Целзиусови степени.

Во Скопје сончево и посвежо со умерен до засилен ветер од северозападен правец и дневна темпертура до 15 степени.

Утре времето ќе биде сончево и потопло со дневни температури од 13 до 19 степени. За време на викендот исто така ќе имаме сончево и топло време со температури од 14 до 20 степени.

 

 

 

02.03.2017 - 09:18

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега