Промоција на Студија за младите во Македонија
Институтот за социолошки и политичко - правни истражувања (ИСППИ) при Универзитетот „Св.Кирил и Методиј” ќе промовира „Студија за младите во Република Македонија 2016“.
Целта на студијата е да одговори кои настани од блиското минато најмногу влијаеле врз младите и каков белег оставиле, како младите размислуваат и се однесуваат на тема политика, како размислуваат за семејството и бракот, колку се чувствуваат подготвени да живеат самостојно....
„Студијата за младите во Република Македонија 2016“ е резултат од истоимениот научноистражувачки проект, финансиран од УКИМ, а се надоврзува на претходните истражувачки студии за младите спроведени од научниот кадар на ИСППИ.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа