ФОТО: Градоначалникот на Бурса се запозна со Штип
Градоначалникот на Штип, Илчо Захариев имаше работна средба со делегација од Турција, предводена од неговиот колега, градоначалникот на Бурса, Реџеп Алтепе. Двајцата градоначалници имаа за цел поблиску да се запознаат помеѓу себе а со самото тоа да отворат простор за соработка помеѓу двата града.
- Овде сме три дена и денес имаме посета на Штип. Пријатно место, одлично се чуствуваме. Освен запознавањето, се надеваме на нови соработки а една од нив секако е и економската. Бурса е голем град, има над 20 индустриски зони. Имаме инвеститори насекаде. Ние не сме во позиција да им налагаме на инвеститорите во кој град во Македонија да инвестираат, но секогаш не консултираат. Овде има простор и за економска соработка, така што се надеваме дека ќе има заинтересирани турски фирми за влез во Штип. Еве пред некој ден наш бизнисмен сакаше да инвестира во Македонија при што најпогоден му беше градот Валандово. Се надевам на успешна и плодна соработка - изјави Алтепе.
Градоначалникот Захариев, уште еднаш потврди дека економската соработка е најважниот сегмент на кој општина Штип секогаш најмногу ќе се посветува:
- Турција е една од десетте најмоќни економски земји. Бурса е голем град, со голема историја и култура и економски потенцијал. Можам само да ги повикам да инвестираат во Штип бидејќи имаме се што им е потребно. Се надевам дека со мојот колега Алтепе ќе имаме таква можност, заеднички да отвориме некоја инвестиција во Штип. Јас веќе го информирав за потенцијалите на Штип како и за фактот дека во Штип веќе имаме една одлична турска инвестиција.
Делегацијата е предвидено да го посети и Валандово. Во меѓувреме градоначалникот Захариев се подготвва за инвестициски саем во измир во Турција кој треба да се оддржи во септември а кој го најави македонскиот амабсадор во Турција.