Ромите бараат и нивниот јазик да стане официјален: Ако се сменат државните симболи да се вметнат и нивните

 

Демократските сили на Ромите, најголемата ромска партија во Р. Македонија бараат и ромскиот јазик да биде официјален јазик во Р. Македонија доколку тоа се случи со албанскиот јазик. Според нив после Албанците тие се најголемото малцинство и ако дојде до промена на државните симболи на Македонија, треба да бидат вметнати и ромски симболи.

Тие се против фаворизирање на одредени заедници  при што се врши дискриминација на останатите заедници кои живеат во Р. Македонија.

Шабан Салиу, претседателот на Демократските сили на Ромите истакна дека будно ги следат актуелните политички состојби во Р. Македонија и се изненадени од односот на Меѓународната заедница, односно одредени амбасади и странски невладини организации кои превземаат секакви активности со кои фаворизираат одредени политички партии и етнички заедници и вршат дискриминација на останатите етнички заедници.

-Ја не се сеќавам кога одредена амбасада пројавила толку грижа за состојбата на ромската заедница, која истовремено е најсиромашна и најобразована и поголем дел од граѓаните од ромска заедница живеат во катастрофални лоши услови, истакна Салиу.

Посочи дека Меѓународната заедница и странските амбасади во Македонија со фаворизирање на одредена заедница во незавидна положба покрај ромската заедница ги ставаат и другите етнички заедници кои живеат овде.

Според Салиу Р. Македонија е држава на Македонците , Албанците , Ромите и сите етнички заедници и за да не се создаде неправедност треба да зачува унитарноста на државата.

Тој изрази загрижување за однесувањето на СДСМ и Зоран Заев во поглед на прифаќање на било какви барања, насоки и платформи.

 

 

 

28.02.2017 - 15:39

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега