ФОТО: Погледнете како Прилеп го одбележа Денот на младите
Интернационалниот ден на младите 12 Август, Општина Прилеп го одбележа организирајќи јавен настан- трибина „Младите и локалната зедница“, информираат од Општината.
-На овој настан отворено се дискутираше за постојните и идните политики и стратегии во подобрување на животот на младите во заедницата, а воедно се истакнаа можностите преку кои младите луѓе можат да придонесат кон подобрување на квалитетот на живот во заедницата и нејзиниот развој, информираат од Општина Прилеп.
Трибината била посетена од многу младински невладини здруженија, од претставници на политичките подмладоци но и од многу млади луѓе кои се приклучиле кон овој настан за кој општината упати јавна покана.
Pages
- 1
- 2
- 3
- Следна ›
- Последна »