Заев му ги испрати на Ахмети писмените предлози за формирање нова влада

Документ со предлози за владина коалиција, што го побара написмено како гаранција Али Ахмети од Зоран Заев минатата недела, денеска од Бихаќка стигнале до Мала Речица, потврдуваат за Телевизија 24 партиски извори и СДСМ и од ДУИ. 

Од ДУИ не сакале да прецизираат што сè има во пакетот освен предлог закон за албанскиот јазик, кој го потврдиле. Од СДСМ, за телевизијата кусо изјавиле дека документот е еден. 

Преговарачите на лидерите на СДМС и на ДУИ, пак, континуирано се среќаваат, а од ДУИ велат дека на маса се и раговори за ЕУ, НАТО, СЈО, како и изборните платформи на двете партии на изборите.

Според МКД.мк, во ДУИ е најавена седница на централното претседателство за предлозите на СДСМ. Според порталот, во дел од материјалите има и измени во Законот за употреба на јазиците.

 

 

 

 

 

13.02.2017 - 19:06

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега