Заев: Ахмети се ќе добие на писмено - Тачи не знае што се случува

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев по средбата со Јоханес Хан кажа дека еврокомесарот бара што побрзо да се формира влада. 

- Зборот е збор. Било да е усно кажан, или на писмено. Ќе ги дадеме материјалите на ДУИ, ќе сториме сè да се заврши процесот на собирање на потписи за формирање Влада. Но, сакам да потсетам дека кога преговараше со ВМРО-ДПМНЕ, тој на Груевски ништо не му побара на писмено - изјави Заев по средбата со еврокомесарот Јоханес Хан во Собранието.

Заев нагласи дека е подготвен да разговара со сите партии на Албанците откако ќе го добие мандатот, но сепак нагласи дека има и некои црвени линии, а на новинарското прашање дали знае за тоа што Мендух Тачи кажа дек Ахмети и Груевски договориле Влада но ја одолговлекуваат работата, Заев рече дека очигледно Тачи цел месец не бил во државата и не знае што се случувало тука.

 

 

 

09.02.2017 - 23:26

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега