Тачи: Груевски и Ахмети веќе формираа Влада

Според лидерот на ДПА, Мендух Тачи, Никола Груевски и Али Ахмети веќе имаат договорено влада, и како што вели тој, само ги малтретираат другите политички лидери.

Ова Тачи го изјави по средбата со еврокомесарот Јоханес Хан.

„Си ги знам играчите од искуство. Не мислам, туку сум убеден дека ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ веќе имаат договорено влада, само нѐ малтретираат, но не знам зошто тоа не го кажуваат, би било коректно“, изјави Тачи.

Според него, Ахмети за ваква влада добил поддршка и од Алијансата за Албанците, а постигнат бил и договор претседател на Собранието да биде Албанец.

Тачи потврди и дека во изминатиот период, по изборите, имал неформални средби со лидерите на другите политички партии, освен со Ахмети, но нема да влегува во влада заедно со ДУИ и ќе остане опозиционер

 

 

 

09.02.2017 - 23:16

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега