До крајот на неделата пресврт со времето

 

Времето во Македонија ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со појава на утринска магла по одделни котлини. Ќе дува слаб јужен ветер.

Утринската температура ќе се движи од минус осум до еден, а дневната од два до осум степени.

Во Скопје ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб јужен ветер.

Температурата ќе достигне до четири степени.

До четврток ќе се задржи променливо облачно време со сончеви периоди, по котлините со појава на магла. Во петок во западните делови ќе има слаб локален дожд, на повисоките планини слаб снег. Во сабота попладне и во текот на ноќта кон недела на повеќе места ќе има врнежи од дожд со слаб, а во западните делови повремено умерен интензитет. Температурата ќе има тенденција на пораст, што ќе предизвика топење на снежната покривка.

 
 
01.02.2017 - 08:05

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега