СИТЕЛ: Експерти за уставно право сметаат дека мандатар за влада и понатаму е ВМРО-ДПМНЕ

Експертите по уставно право се едногласни: Уставот предвидува само еден мандатар за состав на новата влада. Универзитетската професорка Тања Каракамишева вели дека најголем проблем во овој момент е тоа што во македонскиот устав не е прецизно наведено што доколку првичниот рок за составување на Владата не биде испочитуван. Решението на овој проблем мора да се бара во членот 90 од Уставот, според кој мандатот се доделува на партијата односно партиите кои имаат мнозинство во Парламентот.

Слично толкување на Уставот прави и универзитетскиот професор Владо Поповски. Уставот нема решение, но членот 90 предвидува мандатот да се врати на партијата која има мнозинство во Парламентот, а таа партија да назначи нов мандатар. Доколку и на ваков начин не се состави новата влада, професорот Поповски смета дека е неопходно распишување на нови избори.

По истекувањето на првиот рок за формирање на Владата клучната улога во моментот ја има Претседателот Ѓорѓе Иванов. Експертите се едногласни дека секоја одлука која ќе биде донесена во спротивност во членот 90 од Уставот, подоцна ќе биде оспорена пред Уставниот суд, кој е единстевн  суд надлежен да одлучува за ова прашање. 

 
 
30.01.2017 - 16:29

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега