Рикер: Балканот значително напредуваше последнава година

Балканот има значителен напредок во последната година откако владите од регионот покажаа „поголем реализам и волја да донесат тешки одлуки“, истакна заменик-помошникот на американскиот државен секретар Филип Рикер.

Тој истакна дека во април е постигнат исклучително важен договор за нормализирање на односите меѓу Белград и Приштина. - Реализација на договореното е од големо значење за следната етапа. Успешната реализација на Договорот од Брисел би можело да доведе до подобри економски перспективи и подобар животен стандард за двата народи, посочи Рикер.

Рикер изрази жалење за состојбите во Босна и Херцеговина поради тоа што „политичарите единствено се интересираат само за сопствените интереси“. - Дејтонскиот договор не претставува проблем за БиХ туку тој е едноставно е оправдување за политичарите, изјави Рикер.

Тој додаде дека САД го поддржуваат спроведувањето на економските реформи, кои можат да доведат до нови работни места и за справување со корупцијата.

ФОТО: Утрински

11:00

најчитано сега