ВИДЕО: Кученце секојдневно го спасува животот на шестгодишно девојче

Малата Меган Вајнарт од Калифорнија се оддржува во живот со помош на нејзиното мало кученце, Лили Бен.

Шестгодишното девојче е алергично на кикирики и бадеми, а бидејќи секој производ што го јаде содржи барем една од овие состојки, за неа се грижи малото кученце. Кучката е мешан златен ретривер и пудлица, а истренирана е без грешка да ја намириса секоја намирница која малата Меган сака да ја изеде за да не дојде до катастрофални последици. АКо помириса дека некој производ има бадеми или кикирики, веднаш ги подига шепите и тоа е знак дека малата Меган не смее да јаде од тој производ.

Лили Бел практично поминува 24 часа со девојчето. Со неа оди на училиште, црква, оди со неа дури и на детски родендени.

- Тие две никогаш не се разделиле. Доколку една од нив е сама во соба, со поглед ја бара другата. Секогаш се заедно. Пред да се приклучи Лили во нашите животи, работите беа многу посложени. Никогаш не можев да ја пуштам Меган сама. Сега конечно можам да ги извршувам своите домашни работи без страв дека Меган ќе изеде нешто што не треба ", вели мајката на малото девојче.

10:18