Новаковски: Се наоѓаме во ситуација кога мора да се стабилизираат институциите

„Се наоѓаме во една ситуација каде мора да се стабилизираат институциите без разлика на тоа што се случува“, истакна Александар Новаковски, поранешен претседател на ДИК.

Новаковски смета дека во интерес на државата е што и да се случи, да се случи побрзо, а потоа доколку не функционира да се распишат и нови избори.

„Доколку мандатарот не успее да состави Влада, тој е должен да го врати мандатот кај претседателот на државата, а потоа претседателот треба да изврши консултации за тоа дали другата партија која освоила најмногу мандати е во можност да состави Влада. Доколку ни таа не успее, доаѓаме до ситуација каде мандатот се дава на третата партија, а тоа е ДУИ и повторно се враќаме кај платформата што ја предложија албанските партии во Македонија,“, посочи поранешниот претседател на ДИК.

Тој смета дека платформата е наменски направена за да се изврши притисок на македонските партии по секоја цена да направат Влада со краток рок за потоа да се оди на нови избори.

Новаковски заедно со Антонио Милошоски гостуваше во „Отворено студио“ на ТВ НОВА на тема „Преговори и црвени линии“.

 
 
16.01.2017 - 22:55

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега