Новаковски: Резултатот од изборите е јасен со верификацијата на мандатите

-Имајќи ги во предвид сите случувања во текот на изминатите години, ние бевме опседнати со избори кои мораат да завршат коректно и да имаат легитимитет, истакна поранешниот претседател на ДИК, Александар Новаковски во „Отвореното студио“ на ТВ Нова.

Тој додаде дека резултатот од изборите е јасен со самата верификација на мандатите во Собранието.

-Познато е кој има мнозинство, а кој нема. Мандатот е доделен на победникот, не можеме да кажеме дека друг е победник, победникот се знае, резултатите се признати, и никој не ги оспори, посочи Новаковски

 
 
16.01.2017 - 21:46

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега