Милошоски: Не отстапуваме од она што го кажавме за СЈО и Уставот

Не отстапуваме од она што го кажавме за СЈО и Уставот. СЈО е наменска институција, а во однос на барањата за уставни промени, немаме ниту потреба, ниту пак уставни можности да ја правиме државата бинационална.

Ова го изјави Антонио Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ во „Отворено студио“ на ТВ НОВА, уште еднаш потврдувајќи го ставот на партијата во однос на барањата што албанските партии ги презентираа во заедничката платформа што беше објавена пред почетокот на преговорите за составување на новата Влада.

 

-Добивме мандат по две основи. Првата беше платформата за економски развој, односно програмата „Реално“, додека вториот темел на нашиот предизборен настап беше зачувување на унитарна, кохезивна Македонија и како држава и како општетсво. Соодветно на тоа немаме ниту потреба, ниту луксуз, ниту пак уставни можности да ја правиме државата бинационална. Ние не сметаме дека доколку државата биде бинационална ќе биде поефикасна, поекономична и посплотена. Затоа од овие два принципи нема да отстапиме, истакна Милошоски.

 
 
16.01.2017 - 21:18

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега