Наврнаа 60 сантиметри снег во Македонија - еве каде има најмногу снег вечерва

Најмногу снег до 20 часот денеска, од 60 сантиметри наврна во Маврово информираат од УХМР. Еве колку има на другите места:36 Пожаране, 25 Ѓуриште, 21 Берово, 15 Кр. Паланка, 14 Струмица, 11 Битола, 10 Тополчани, 6 Претор, 5 Виница, 4 Прилеп, 2 Д. Капија, 1 Штип.

Највисока температура денеска е измерена во Охрид, таму се измерени 3 степени целзиусови.

Времето утре ќе биде облачно со повремени врнежи од снег, само на   пониските места на југоисток врнежите ќе бидат од дожд и снег. Т-мин. од -6 до 1 а т-мин. 0 до 5 степени.

Во наредните денови нашето подрачје ќе биде под влијание на серија на влажни воздушни бранови од Медитеранот што ќе предизвика претежно облачно и релативно студено време со повремени врнежи од снег, а во  крајните југоисточни делови ќе има врнежи од дожд и снег. Врнежите ќе бидат со  променлив интензитет, а пообилни се очекува да бидат во јужните и југоисточните делови од земјава. Најмногу врнежи се очекуваат в среда и в четврток кога ќе има и значителен пораст на снежната покривка за 20 до 30 см нов снег. Од петок се очекува стабилно и суво време.

 
 
16.01.2017 - 21:01

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега