Тодоров: Во тек евалуација на понудите за изградба на новиот Клинички центар

Евалуацијата е во тек согласно она што е предвидено во процедурите на банката. Предвидено е евалуацијата да трае 90 дека, но ние очекуваме истата да заврши многу порано и да може да пристапиме кон склучување на договор и почеток на градежните работи, истакна денес министерот за здравство Никола Тодоров.

Изградбата на Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ е голем капитален проект кој се спроведува во здравството.

Проектот предвидува изградба на нов Клинички Блок, нова зграда на лаборатории во кој што ќе влезат нови простории на 23 клиники односно Очна клиника, Клиника за уво нос и грло, Клиника за радиологија, Ургентен центар, Дерматологија, Неврологија, Пулмологија, Гастро, Ендокринологија, Ревматологија, Завод за слух, говор и глас, Клиника за анестезија и интензивно лекување, Невро хирургија, трауматологија, Психијатрија, Токсикологија, Ортопедија, Неврологија, Хематологија, Нефрологија, Трасфузиологија, Микробиологија и нуклеарна медицина.

-Ќе следи и адаптација и реконструкција на зградата на Хируршките Клиники во кои и сега се сместени Урологија, Дигестивна клиника, Пластика и Торакална клиника.

Изградбата на новиот Клинички центар ќе овозможи бенефит за сите граѓани, имајќи в предвид дека на годишно ниво во клиниките минуваат повеќе од 800.000 посетители, односно околу 2.200 посетители дневно.

 
 
16.01.2017 - 19:06

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега