Колев: Најмалку 110 милиони денари во проекти за општина Босилово

Општина Босилово активно се спрема за активностите во 2017 година, се прават планови како да се реализираат проектите за кои општината веќе има обезбедено финансии. Дел од финансиите се обезбедени од буџетот  на општината, друг дел преку централната власт, додека пак друг дел се обезбедени преку европски фондови, појаснува градоначалникот на општина Босилово, Љупчо Колев.

Ќе бидат инвестирани околу 110 милиони и 109 000 денари, за предвидените проекти.

-Ќе инвестираме во изградба на патишта. Ќе го довршиме локалниот пат Радово-Босилово со изградба на мост. Ќе се инвестира во изградба на мост на реката Водочница на патот помеѓу селата Бориево и Колешино, во соработка со општина Ново Село и општина Струмица. Ќе се реализира и патниот правец од Еднокуќино до Муртино, преку средства обезбедени од бирото за Регионален развој, проект изгласан преку советот за градоначалници на центарот на Југоисточен плански регион, рече Колев.

Ќе има инвестиции и во изградба на нова водоводна мрежа во населените места Иловица и Штука, проект кој ќе се реализира со помош на Владата преку Министерството за транспорт и врски. Средствата се во висина од околу 12 милиони денари, додека пак останатиот дел од средствата се обезбедени од општинскиот буџет и од донатор, компанијата Еуромакс ресурси.

-Не ги запоставуваме и другите области, како што се спортот и рекреацијата наменети за помладата популација. Ќе инвестираме во изградба на две повеќенаменски игралишта. Едно во населеното место Еднокуќево а другото во населеното место Робово а ќе изградиме и еден помал плоштад во населеното место Моноспитово. Инвестираме во сите области. Се она што е надлежност на општината гледаме и се трудиме да го покриеме со проекти, појасни Колев.

 

 
 
16.01.2017 - 14:16

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега