Наскоро дечињата ќе можат да го лулаат малиот принц - направена кукла со ликот на детето на Кејт и Вилијам

Девојчињата во Велика Британија наскоро ќе можат исто како и војводката Мидлтон да го лулаат и хранат својот мал Џорџ откако една компанија направи кукли со ликот на идниот принц.

Станува збор за американската компанија Илиноис која е специјализирана за правење кукли од порцелан кои личат на познати лица.

Тие направиле кукла со ликот на малиот принц облечена во фустан за крстење од сатен и шифон, а со неа оди и везено перниче.

14:07

најчитано сега